ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се противеше и на Законот за високо образование

Од:

Изјавите од старомодни професори како Рената Дескоска чија цел е да уживаат вечно во својот општетствен комодитет, нема да не запрат во намерата да ги вметнеме европските стандарди, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на Дескоска во врска со полагањето на правосудниот испит.

ВМРО-ДПМНЕ е сигурна, како што наведува, дека сите реформи во насока на европските и меѓународни стандарди ќе дадат резултат.

– Ова е само уште еден закон со кој се продолжува реформата во правосудната сфера, која во време на СДСМ од страна на сите релевантни меѓународни субјекти беше најмногу критикувана и посочувана за злоупотреби и корупција. СДСМ се противеше и на Законот за високо образование со кој оној мал дел од професорите што не ја вршеа својата работа, не одеа на испити и не држеа предавања, беа обврзани да го прават она за што земаа плата. Затоа Рената Дескоска е директно погодена од ваквите реформи, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, предложената реформа за полагањето на правосудниот испит е сериозна и длабинска реформа за чие спроведување се земени предвид позитивните искуства од слични примери на полагања во Република Македонија, но и искуства од САД.

Се предлага правосудниот испит да се полага во два дела, теоретски и студија на случај.
За полагањето се предвидува литература која се користи во 100-те највиско рангирани образовни установи од правните науки во светот и законската регулатива од република Македонија.

– Со ваквиот начин на полагање ќе се обезбеди можност само знаењето на студентот да биде единствен вредносен принцип и истовремено ќе се анулира субјективноста на оценувачот или социјалната припадност на студентот и неговите врски и конекции. Ќе постои јавно достапна база на најмалку 2.000 прашања кон која сите ќе имаат рамноправен и транспарентен пристап. Исто така ќе постои база на 500 студии на случај според кој сите студенти ќе полагаат, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Со измените, никој од комисијата нема да може субјективно да влијае врз конечните резултати од испитот. Предвидено е формирање посебни простории за полагање на испитот, каде секој ќе полага јавно и транспарентно.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ