А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта реално да се грижеше за социјално ранливите категории немаше сиромаштијата да достигне до 500.000 граѓани во Македонија

by А1он25/05/2019 - 10:50162
Share0

Откако Заев е на власт стапката на сиромаштија секојдневно расте. Над 500 илјади граѓани во Република Македонија се сиромашни. Токму овој податок говори колку реално владата на СДСМ се залага за социјално ранливите категории на граѓани. Пратениците од пратеничката група на СДСМ не ги прифатија амандманите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ со кои реално ќе им се помогнеше на најзагрозените семејства во државата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

“Владата на СДСМ не прифати домаќинства кои користат гарантирана минимална помош да остваруваат паричен додаток од 1.000 денари заради
покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството 12 месеци во годината наместо предвидените 6 месеци во предложеното законско решение.

СДСМ не прифати зголемување на надоместокот за потполно глувите лица од 4.100 денари на 5.200 денари.

Заев и неговата влада не прифати да се продолжи правото на парична помош на мајка која родила четврто дете која се грижела за своите деца до нивната 18 годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија по наполнување на 62 години живот. Ова право беше предвидено како и во старото законско решение да изнесува 8.000 денари.

Следете a1on на Youtube YouTube

Власта реално да се грижеше за социјално ранливите категории немаше сиромаштијата да достигне до 500.000 граѓани во Македонија. Заев да сакаше да помогне немаше да ги скрати сите мерки кои се од корист на граѓаните, а донесени во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на Зоран Заев ќе одговара за расипничкото трошење на парите на граѓаните и ќе се стави крај на сето ова што го прават.”, се вели во реакцијата на партијата.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски21/06/2026 - 12:1621/06/2026 - 12:17

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

Горан Наумовски21/06/2026 - 10:43

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

Горан Наумовски20/06/2026 - 13:23

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

Горан Наумовски20/06/2026 - 10:53

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он19/06/2026 - 10:5019/06/2026 - 10:38

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски18/06/2026 - 09:0218/06/2026 - 10:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто