СДСМ: Спрегите со криминалот се одлика на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, партијата заштитник на криминалот, продолжува со измислување случаи, со извитоперување на извештаите и со креирање лаги преку кои се обидува да ја манипулира јавноста, реагира СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Борбата со криминалот, вклучително и во рамки на граничните премини, е врвен приоритет. Не е точно дека видеонадзорот на некои гранични премини не функционира како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ, а уште поголема лага е дека камерите биле намерно исклучувани заради евентуални злоупотреби, е наведено во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека на сите гранични премини освен видеонадзор од националниот координативен центар за гранично управување, постои и видео надзор од Царинската управа и дека е невозможно некој намерно да го исклучува видео надзорот, додава СДСМ.

“Ниту една лага на ВМРО-ДПМНЕ нема да го сокрие фактот дека релевантни истражувања на јавното мислење покажуваат дека над две третини од граѓаните имаат доверба во полицијата и се чувствуваат безбедно.

Официјални податоци ги демантираат лагите од скапоцениот дворец. Стапката на криминал бележи опаѓање, а се зголемува откривачката функција на полицијата, особено во делот на сузбивање на организиран и сериозен криминал и тоа по сите параметри.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажува дека нема план, нема идеја ниту каква било мерка во интерес на граѓаните и дека целокупното десјтвување го темели на деструкција, лаги и измислици.”, заклучува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски