СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше Охридскиот регион

Од:

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за Охридскиот регион бидејќи токму оваа партија е главен виновник за состојбата на Охридскиот регион. Токму бизнис и личните интереси на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години, со кои свесно се уништуваше Охридскиот регион се причините за состојбата во која денес се наоѓаат Охрид и Охридскиот регион, реагира СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и јавноста многу добро се сеќаваат на неконтролираното градење на Плаошник и Галичица, на осудениот криминалец Субрата Рој кој Груевски го претставуваше како инвеститор, на мегаломанските градби на Охридското езеро кои ги задоволуваа бизнис апетитите на
фамилијата и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кребилитет да зборува за настанатиот хаос.

Денес, Владата предводена од СДСМ  е во постојана соработка со општините, граѓанскиот сектор, стручната јавност со цел да се решат наследените проблеми и да се одговори на реалните потреби на Охридскиот регион.

Како што е јавно објавено, и Општина Охрид преку низ мерки активно е вклучена во процесот на исполнување на препораките од УНЕСКО за задржување на постојниот статус.

Предлогот на УНЕСКО, Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство претставува дополнителен мотив за нов поинтензивен бран активности и мерки за заштита на охридското природно и културно наследство.

Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции, остануваат посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО  со цел да се заштити културното и природното богатство на Охридскиот регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Македонскиот јазик е признаен и заштитен, патриотизам е интеграцијата во ЕУ

А1он

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ

Филипче: Синдикалната кошничка е 69.000 денари, три минимални плати се потребни

Предраг Петровиќ

СДСМ: Уште само 8 дена до уште едно големо неисполнето ветување на Мицкоски

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најголем застапник на бугарските позиции во Македонија

Предраг Петровиќ