(ВИДЕО) Костадинов: Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставки

Од:

Сега, откако оставката од колегата Павле Богоевски е извесна, останува отворено уште само едно прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски предмети, ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија?, рече Костадинов на денешната прес конференција.

Отсега, прашањето веќе не е дали Павле Богоевски има легитимитет да ја води Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, туку дали колегите пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат да го бранат криминалот на нивниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски? Дали колегите пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои со недели зборуваа за чесност и морал, ќе покажат одговорност пред граѓаните и ќе му го одземат мандатот на Никола Груевски, и дали оние кои се обвинети за сериозни кривични дела ќе поднесат оставки од своите функции, праша Костадинов.

Денеска на дело видовме што значи висока морална одговорност пред граѓаните. Ги охрабруваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат ЗА одземање на мандатот на Никола Груевски, а оние против кои се водат судски предмети да се повлечат од нивните функции, заклучи Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски