(ВИДЕО) Стојаноска: Заев лажеше дека ќе го намали данокот за парното, а тоа всушност не планирал ни да го стори

Од:

„Владата на СДСМ и Заев се однесува измамнички кон граѓаните. Тие ветија поевтино парно и не го исполнија тоа, па откако беше откриена оваа измама, пуштајќи го во собраниска процедура законот за измена на ДДВ каде не се предвидува намалување на ДДВ-то за парното, нешто што го ветуваа претходно, панично побрзаа на полушверцерски начин, под притисок на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста да поднесат амандман со кој се предвидува намалување на ДДВ-то за парно услуги“, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Значи беше потребна бурна реакција од јавноста и ВМРО-ДПМНЕ за власта во 5 до 12 да поднесе амандман за намалување на данокот за парното.

Зоран Заев ги лажеше граѓаните пред вториот круг од изборите дека ќе го намали данокот за парното, а тоа всушност не планирал ни да го стори. Сега дваесетина дена откако излажа, и ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе амандман на законот тие истрчаа да го направат тоа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи амандманот за намалување на данокот на додадена вредност за парното, кој е резултат на нашата реакција и притисокот од јавноста.

Оваа влада покажува дека е неспособна и измамничка. Дека не ја интересираат граѓаните, туку личните кариери на поединците од власта“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела