Османи: Имплементација на законот за јазици висок приоритет на земјата

Од:

Првиот координативен донаторски состанок за имплементација на Законот за јазиците се одржа денеска во просториите на Владата во организација на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на Национален координатор на странска помош и директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села.

-Имплементацијата на новиот Закон за употреба на јазиците претставува приоритет на земјата за натамошно унапредување на демократијата и почитување на основните права, а истовремено самиот Закон значително го подобрува и го проширува користењето на албанскиот јазик, со што се реши и едно од последните отворени прашања кои создаваа меѓуетнички тензии по уставните измени од 2001 година. Доколку сакаме правилно да го спроведуваме Законот, треба да се соочиме со предизвиците за негова целосна имплементација, додаде Османи.

Како што соопшти СЕП, на состанокот присуствуваа голем број претставници на Донаторската заедница во земјава, претставници на амбасадите, на финансиските институции, ОБСЕ итн. На состанокот беше презентиран Планот на Владата за имплементација на Законот за употреба на јазиците, со цел утврдување на можностите да се обезбеди поддршка за негово спроведување со донаторска помош, како и можната размена на искуства и трансфер на знаења од земјите кои имаат вградени и функционални двојазични системи.

Законот за употреба на јазиците беше донесен во март 2018 година, по што беше основана Агенцијата за надзор и координација на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во јануари оваа година. Директор на Агенцијата е универзитетскиот професор Илбер Села, а во февруари годинава беше формирана и Меѓуминистерска работна група за спроведување на Законот.

Би можело да ве интересира

Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица

Шаќири „максимално ќе го поддржи“ отворањето посебни сектори за примена на јазиците во сите институции

Жарко Настоски

Втор ден меѓународна научна конференција за примената на Законот за употреба на јазиците

Ана Ололовска

Дескоска: Сериозно ги разгледуваме препораките на Венецијанската комисија

Законот за јазици нема да се ревидира, тврди вицепремиерот Османи

Заев: Зачувувањето на јазикот е од огромно значење за обединување и културно поврзување