Комплетиран кабинетот на претседателот Пендаровски

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Генерален секретар ќе биде Миле Бошњаковски, кој досега ја извршуваше функцијата портпарол на Владата, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Одговорна за односи со јавноста ќе биде Катерина Цаневска, a Билјана Радева ќе биде прес-офицер, информираат од кабинетот на шефот на државата.

Советник за национална безбедност ќе биде Блерим Кољари, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика. Советници во кабинетот ќе бидат и Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов.

Во сферата на надворешната политика, надворешни советници ќе бидат поранешните шефови на дипломатијата Александар Димитров и Денко Малески и поранешниот амбасадор во Австрија, Сашо Тавчиовски.

Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаревска Трајковска.

Од кабинетот велат и дека во времето додека таму како советник бил сегашниот претседател Пендаровски имало имало 37 вработени, а во периодото кога шеф на државата беше Ѓорге Иванов нивниот број е зголемен на 61. Нема да има отпуштање на вработени, нагласуваат од кабинетот.

Претседатeлот Стево Пендаровски, велат од кабинетот, по завршувањето на мандатот нема да бара претседателска пензија. Нема да бара ниту средства за отворање на канцеларија, туку просторија во Министерството за надворешни работи, каде ќе одржува состаноци и средби како поранешен претседател. Тој нема да бара ни пензија, а по мандатот ќе се врати на работното место професор.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on