Ајакс остана без осминафинале во Лига Европа

Од:

 Екипата на Ајакс не успеа да се пласира во 1/8финалето на Лига Европа откако синоќа по изведување на пенали беше елиминирана од Стеауа во Букурешт.

На првиот натпревар беше 2:0 за Ајакс, а вечерва тимот на Стеауа победи со истиот резултат. По изведувањето на пенали Стеауа беше поуспешна со 4:2 и се пласира во осминафиналето. На овој натпревар во дресот на романската екипа поради повреда не настапи македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски, но тој остана како единствен македонски играч во еврокуповите.

Вечерва Наполи на Горан Пандев загуби на гостувањето во Плзен кај Викторија со 2:0. Пандев сите 90 минути беше на теренот.

Преглед на резултатите од 1/16 финалето:

Рубин – Атлетико Мадрид 0:1 (вкупно 2:1),
Металист – Њукасл 0:1 (0:1),
Генк – Штутгарт 0:2 (1:3),
Клуж – Интер 0:3 (0:5),
Днипро – Базел 1:1 (1:3),
Лацио – Борусија М. 2:0 (5:3),
Олимпик Лион – Тотенхем 1:1 (3:2),
Викторија Плзен – Наполи 2:0 (5:0),
Хановер – Анжи 1:1 (2:4),
Челзи – Спарта Прага 1:1 (2:1) – судија Александар Ставрев (Македонија),
Фенербахче – БАТЕ Борисов 1:0 (1:0),
Олимпијакос – Леванте 0:1 (0:4),
Ливерпул – Зенит 3:1 (3:3) – Зенит е вкупен победник поради даден гол во гости,
Бордо – Динамо Киев 1:0 (2:1),
Бенфика – Баер Леверкузен 2:1 (3:1),
Стеауа – Ајакс 2:0 (2:2 – 4:2 на пенали).

Двојки за осминафиналето:

Викторија Плзен – Фенербахче,
Бенфика – Бордо,
Анжи – Њукасл,
Штутгарт – Лацио,
Тотенхем – Интер,
Леванте – Рубин,
Базел – Зенит,
Стеауа – Челзи.

Натпреварите ќе се играат на 7 и на 14 март.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска