ВМРО-ДПМНЕ: Бизнис интересите на власта се поважни од заштитата на Охрид

Од:

„СДСМ го уништи Охрид и му го загрози статусот на заштитено подрачје на УНЕСКО. За Зоран Заев и СДСМ поважни се матните бизнис зделки отколку културното и природно наследство на Република Македонија.

Како резултат на негрижата и неспособноста на СДСМ, Охрид за прв пат од 1979 година ќе биде ставен на листата на загрозено светско културно наследство и ќе се најде во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбекистан.

УНЕСКО во најновиот извештај констатира дека подрачјето на Охрид продолжува да биде погодено од неконтролиран урбан развој, несоодветно урбано развивање како и експлоатација на брегот. Во извештајот стои и дека во последниот период во Охрид има зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина.

За неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ за заштита на културното наследство говори и фактот дека не се реализирани повеќето од половина од 19-те забелешки на реактивната мисија на УНЕСКО.

СДСМ додека беше опозиција ветуваше грижа за културното наследство и средување на урбаниот хаос во Охрид, но откако дојде на власт го направи спротивното. Ветуваа попис на дивоградби и нивно рушење, а се што направија беше легализација и откочување на изградбата на запрените двоградби.

СДСМ остана глува на сите предупредувања на експертската јавност, екологистите и на УНЕСКО кои укажуваа на девастацијата и узурпација на Охрид и неговата околина.

Очигледно е дека бизнис интересите на функционерите од власта се поважни од заштитата на Охрид и културното и природно наследство на Република Македонија.

Скандалите на СДСМ во областа на културата растат од ден на ден. СДСМ докажа дека нема интерес да се грижи ниту за културата, традицијата и наследството на Република Македонија.

Државата и Охрид не заслужуваат ваква неспособна и криминална власт чиј единствен интерес е како побрзо да се збогатат. Токму затоа СДСМ мора да си замине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти