Богоевски за во четврток ја закажа комисиската расправа за мандатот на Груевски

Од:

Пратеникот, Павле Богоевски, во својство на претседател на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања за во четврток закажа седницата на ова тело на која единствена точка на дневен ред е предлогот од претседателот на Собранието, Талат Џафери, за одземање на мандатот на Никола Груевски.

Седницата е закажана за четврток (23 мај) во 11 часот. На неа ќе се расправа за известувањето кое собранискиот спикер минатата недела го достави до Комисијата.

Со седницата се очекува да претседава токму Богоевски но не се исклучува можноста истата да ја води и неговата заменичка, Снежана Калевска Ванчева, по скандалот со објавената снимка на социјалните мрежи која Богоевски го поврзува со нарачување на дрога.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски се сомнева како мнозинството граѓани дека пожарите свесно се подметнуваат пред избори, има сеопфатен акциски план за чисто и здраво Скопје

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

A1on

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он