Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег особено претпладнето. По одделни котлини и речните долини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од шест до 11 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно, претпладне ќе има појава на ниска облачност и магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневанта ќе се искачи до осум степени.