(ВИДЕО) Арсовски: Нов скандал, град Скопје доделил тендер на фирмата на партнерот на министерката Царовска

Од:

„Уште еднаш се докажа дека Заев суши лаже. Пред само не цел месец Зоран Заев и СДСМ тврдеа дека ја примиле пораката од народот за целата корупција, криминал, матни зделки, непотизам и сите останати злоупотреби на власта. Наместо да се сменат и да ги сменат тие навики, по се изгледа СДСМ како за инат на граѓаните почнаа уште повеќе да крадат.

Нов скандал се случи после само три дена од вториот круг на претседателските избори, односно на 8-ми мај Град Скопје и Петре Шилегов доделиле тендер вреден 967.600 денари на фирмата на партнерот на министерката Царовска за изнајмување на опрема за висинско набљудување. Имено фирмата „Флај Кем“ на Горан Георгиевски за една година снимање со дронови ќе инкасира речиси еден милион. Георгиевски, невенчаниот сопруг на Царовска, освен овој милионски бизнис за летање дронови досега доби и набавки во 4 очи во вкупен износ од 1,5 милиони денари“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во моментов има нова тендерска постапка распишана од скопскиот плански регион, во вредност од скоро 1 милион евра, каде што замислете треба да се следи загадувањето на амбиенталниот воздух.

Веќе помеѓу фирмите кои вршат набавка на ваква опрема, кружат сомнежи дека и овој тендер се мести за невенчаниот сопруг на Мила Царовска.

Дали и овој тендер ќе заврши токму во џебот на Мила Царовска и нејзиниот невенчан сопруг?

Дали Георгиевски овие бизниси ги добива само затоа што и е невенчан сопруг на Мила Царовска? Дали нема друга фирма која може во државата да ја врши оваа работа, па мора токму фирмата на партнерот на Царовска да ја прави и за тоа да заработува огромни пари вредни милиони? Нормално дека има и други фирми, ама тие не се сопрузи, партнери или роднини на никој од владата односно од СДСМ.

Граѓаните видоа каков манипулатор е Зоран Заев. Додека во кампањата меѓу двата круга ветуваше дека ќе се справува со злоупотребите и криминалот кој го прават неговите избраници во Владата, сега во канцелариите на Град Скопје, Петре Шилегов и партнерот на Мила Царовска подготвувале милионски договор. Јавноста ниту виде метла секаде каде што има криминал ниту пак ќе види метла идниот период.

Повикуваме надлежните институции да го проверат овој скандалозен случај и соодветно да го санкционираат. Недозволиво е веќе по кој знае кој пат токму невенчаниот сопруг на Царовска да добива народни пари во крајно сомнителни околности и услови. Метлата мора да заигра што побрзо, ама од одозгора од самиот врв во Владата, почнувајќи од Зоран Заев.

За сите овие матни зделки, тендери и бизниси еден ден ќе одговараат сите кои што се инволвирани“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски