СДСМ: Се воведува „зелена нафта“, 200 милиони денари се враќаат кај земјоделците

Од:

Со отворање на јавниот повик за  набавка на гориво за земјоделска механизација започна реазлицијата на мерката за субвенционирање на трошоците за набавка на нафта за земјоделска механизација популарно наречена „зелена нафта“. Со мерката ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци што имаат полјоделски и градинарски култури, овошни и лозови насади кои ќе имаат можност да набавуваат 30 отсто поевтина нафта за својата механизација, соопшти СДСМ.

“На овој начин кај земјоделците се враќаат околу 200 милиони денари или над 3 милони евра, средства што Министерството за земјоделство шумарство и водостпанство ги обезбеди преку Програмата за директни плаќања за 2019 година.

Со „зелената нафта“ ќе се намалат трошоците на земјоделците и ќе се зголеми конкуретноста на земјоделското производство, а субвенционирана нафта ќе можат да набавуваат и најмалите земјоделци.

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок стандард за земјоделците, зголемено и поквалитетно производство и развој и унапредување на земјоделството.”, е наведено во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје