СДСМ: ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче

Од:

ДПМНЕ продолжува со старата матрица на лаги, дезинформации и неосновани напади врз претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Ништо од кажаното за набавката на вакцините не е точно, ДПМНЕ врти стари лаги во ново пакување. Јаловите напади, очајните лаги и невистини за Филипче, го одразува стравот на ДПМНЕ од неговото лидерството, исправноста на политиките и вистинските промени што се случуваат во СДСМ.Впрочем, лагите на ДПМНЕ за Филипче ги демантираше и Антикорупциската комисија (ДКСК). Официјално ДКСК го затвори предметот за имотот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потврдувајќи дека се е чисто и нема никакви никакви неправилности околу неговиот имот, велат од СДСМ.

„А во септември минатата година, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, излезе на прес-конференција од белата палата, од истата говорница, со лажна конструкција дека и најави претставка до ДКСК. Со официјалната одлука токму на ДКСК, сите овие тврдења на ДПМНЕ се разоткриени како целосно неточни и злонамерни. Да имаше барем малку морал во ДПМНЕ досега ќе излезеа пред ѓраѓаните и ќе им се извинеа за изнесените лаги. Неместо тоа, ДПМНЕ продолжува со препакување на измислиците за Филипче. Тоа едноставно не поминува. Едно е факт, СДСМ расте, се менува и работи за иднината на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во старите шаблони на лага и манипулација, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години