(ВИДЕО) Митровски: Ако Павле Богоевски молчи, обвинителството нема докази, ако признае може да добие и затвор

Од:

Обвинителството сè уште нема оформено предмет за Павле Богоевски кој на социјалните мрежи напиша дека набавувал масло од канабис за негова блиска личност, а по објавувањето на разговорот со наслов „Пајо нарачува кокаин“. Доколку ОЈО започне предистражна постапка, ќе биде тешко да покрене обвинителен предлог против Богоевски, смета адвокатот Јанаки Митровски.

Адвокатот тврди дека пратеникот треба да го повтори неговото признание дека набавувал забранета супстанца, односно масло од канабис, за да Обвинителството може да постапува. Во ваков случај, Богоевски може да биде гонет за кривично дело овозможување за употрба на наркотични дроги, дело за кое е предвидена казна од една до пет години затвор. Во спротивно, ако Богоевски реши да се брани со молчење, истражните органи нема да имаат доказен материјал.

„Дури и да не беше Павле пратеник, многу е тешко да се очекува во оваа ситуација дека ќе дојде до покренување на обвинителен предлог затоа што нема материјален доказ дека е тоа така. Неговото признание би требало да го повтори пред обвинителство, па потоа пред судот, што силно го советувам да не го стори, а воедно и нашиот кривичен законик инсистира за секоја пресуда да се утврди време, место и начин на извршување на кривичното дело, што без соработка на господинот Богоевски многу тешко дека ќе се случи. Доколку Богоевски признае, може да се гони по член 216, овозможување на кривично дело со распон на санкција од 1 до 5 години затвор“, вели Митровски за „А1он“.

Обвинителството ќе чека МВР да им достави документација, за да можат да постапуваат.

„Го очекуваме известувањето од Министерството за внатрешни работи во врска со наводите кои ги пријавил пратеникот во полициска станица, со придружна документација. По приемот на ова известување, ќе бидат направени сите проверки согласно Законот за кривична постапка“, велат од ОЈО.

Пратеникот Богоевски изјави дека маслото од канабис го набавувал за негова блиска личност која има здравствени проблеми, а Митровски на ова вели дека во изминативе две и пол години пратеникот преку институциите можел да  да се заложи за болните од канцер и за дискриминација на канабисот.

„Луѓе за два џоинта се гонат небаре се криминалци. Мислам дека претходниве две и пол години беа повеќе од доволно време за да постапи во тој правец бидејќи, да не заборавиме, тој не е обичен граѓанин туку има реална моќ со поднесување предлог-измени всушност да смени нешто“, додава адвокатот Митровски.

Објаснувањето на пратеникот Павле Богоевски дека нарачувал масло од канабис, според Јанаки Митровски, нема основа. Адвокатот му понуди на Богоевски да направи наркотестови во МАНУ, а трошоците ќе ги покрие тој.

„Му фрлам ракавица затоа што сметам дека е непристојно од негова страна да се вади на болни и на уживатели на канабис кога е свесен каков прогон се врши за 2, 3, 6 грама канабис. На пример, ако некој поседува 6 грама канабис ќе се соочи со 3 до 10 години казна затвор. За да му помогнам, му понудив дека ќе му ги покријам трошоците, тие чинат 60.000 денари. Меѓутоа, повторно ќе му сугерирам да си најде подобар адвокат и подобро е да не говори отколку да се самоинкриминира“, потенцираше Митровски.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“