Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

Од:

Грчката полиција денеска во Глифада, елитно крајбрежно предградие на Атина, уапси 30-годишен маж кај кого беше пронајдена рачна бомба.

Се сомнева дека со неа тој имал намера да го нападне домот на поранешен обвинител на Врховниот суд.

Апсењето е извршено по полициска операција на Управата за борба против организираниот криминал, а лицето кај кое е пронајдена бомбата подолго време било под надзор, бидејќи властите имале индиции дека тој подготвува напад, пренесува „Катимерини“.

Според неофицијални информации, 30-годишникот е државјанин на Египет и наводно добил налог да го нападне домот на судски функционер – за кого се верува дека е поранешниот обвинител на Врховниот суд, Исидорос Догиакос – пренесува „Катимерини“.

Би можело да ве интересира

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски