Кошарка М-18: Партизан и МЗТ Скопје во борба за трофејот

Од:

Јуниорите на Партизан Мулти Шпед и на МЗТ Скопје Аеродром ќе се борат за трофејот во финалето на македонскиот кошаркарски шампионат – возрасната категорија до 18 години.

На завршниот турнир кој се одигрува во скопската сала „Градски парк“ во првото полуфинале Партизан Мулти Шпед го победи Феникс со 77:58.

Во второто полуфинале, МЗТ Скопје Аеродром славеше против Работнички со 78:69.

Денеска во натпреварот за трето место ќе се сретнат селекциите на Феникс 2010 и на Работнички. Натпреварот ќе започне во 19.

Финалето меѓу Партизан Мулти Шпед и МЗТ Скопје Аеродром ќе започне во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он