Заев и Пендаровски на ифтарска вечера на Стопанската комора на северозападна Македонија

Од:

Најважниот и најсветиот месец во духовниот живот на припадниците на Исламот повикува уште еднаш да ги афирмираме вредностите на простување и сочувствување, на толеранција и на почитување на другите, порача вчера премиерот Зоран Заев на ифтарската вечера организирана од Стопанската комора на северозападна Македонија.

-Рамазан е и празник кој не учи дека сите имаме должност да им помагаме на другите, да реагираме и да помагаме да се исправи неправдата, ако му е некому нанесена. Да го даваме најдоброто од себе за да создаваме заедница во која сите сме еднакви. Наша должност е да си служиме и да си помагаме едни на други.Овие вредности се испреплетуваат низ сите вредносни системи на различните верски традиции во нашата земја, истакна Заев.

Премиерот, како што соопшти владината прес-служба, пред присутните на вечерата нагласил дека партнерскиот однос и меѓусебната соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија и со бизнис заедницата од овој регион е од огромно значење за успехот и исчекорот напред на нашите економски политики, во интерес на граѓаните и секако на компаниите.

По ифтарската вечерата обраќање имал и претседателот Стево Пендаровски, а присутни биле и вицепремиерите Кочо Анѓушев и Бујар Османи, министрите Крешник Бектеши, Дамјан Манчевски и Едмонд Адеми.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски