Тачи: Резолуција и комисија за српскиот геноцид во Косово – најумната работа на Собранието

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поддржа иницијативата на парламентарниот спикер Кадри Весели за формирање меѓународен суд за српските воени злосторства во Косово, оценувајќи дека тоа е „најумната работа што може да ја направи Собранието на Косово“.

Тачи, пред продолжувањето на денешната собраниска седница, на која треба да се расправа за предлогот на Весели за комисија која ќе работи на формирањето на судот, побара сите политички субјекти да се обединат за осуда на српскиот геноцид во Косово, со цел сторителите на злосторствата да се изведат пред правдата.

– Денешната дебата и можноста за изгласување резолуција и формирање на комисија е најумната работа што може да ја направи Собранието на Република Косово. Тоа е мошне добра идеја на претседателот Весели и верувам дека сите ќе бидат обединети во осудата на геноцидот и етничкото чистење од страна на Србија, за луѓето кои ги извршиле тие злосторства, луѓето од државниот апарат на Србија да излезат пред правдата, изјави Тачи.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија