(ВИДЕО) Груби: Контрола за сите функционери за корупција и наркотици

Од:

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби најави дека ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност како што се судии и обвинители за контрола во врска со користење на наркотици, но и учество во криминал и корупција.

„Ние оваа иницијатива ја почнуваме од нашите редови во ДУИ и сакаме да ја предложиме на Собранието, а очекуваме и поддршка од граѓанскиот сектор и медиумите. Секој кој што врши јавна функцикја треба да подлежи на овој тест и ние очекуваме поддршка од сите кои се искрени“, рече Груби.

Тој не сакаше да одговори дали Павле Богоевски треба да ја напушти функцијата пратеник, но повтори дека за ДУИ е неприфатлива терминологијата „метла“ затоа што не била достоинствена за луѓе.

Во однос на преговорите за промена на функционери од редовите на ДУИ и СДСМ, Груби рече дека доколку има нешто на оваа тема, медиумите ќе бидат навреме известени.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата