ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ остави метла пред Собрание за Павле Богоевски

Од:

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска од пред Собранието со метла му порача на премиерот Зоран Заев да не се мисли и прв да го смете Павле Богоевски од пратеничка функција по скандалот со објавената аудио снимка.

Таа го повика Богоевски како што тој пред три години барал правда за сите, да застане на страната на правдата и да си даде оставка од функцијата затоа што признал дека извршил кривично дело.

„Богоевски призна дека нелегално купувал наркотични супстанци и го прекршил законот. Како што слушнавме на снимката од анонимен свиркач, Богоевски набавувал кокаин, па прашуваме дали тој има легитимитет како пратеник да одлучува во име на народот. Богоевски треба да одговори од каде вршел набавка, дали ја препродавал дрогата и колку време е корисник на нарко-супстанци. Доколку е чист уште вчера требаш да направи тест за дроги. Ги повикуваме надлежните институции и ОЈО да покрене постапка и да го затвори случајот, а Заев веднаш да се фати за метлата. Ако нема, еве ние му оставаме една пред Собрание“, изјави Стојановска.

Пратеничката, во име на опозициската ВМРО-ДПМНЕ кажа дека во рамки на законските можности ќе покренат иницијатива пред Собранието со цел Богоевски да го напушти законодавниот дом односно да му се одземе мандатот.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски