Реакција на Варшава поради нападот на полскиот амбасадор во Израел

Од:

Еден ден по нападот врз полскиот амбасадор Марек Магиеровски на улица во Тел Авив, од Варшава дојде најостра осуда, а израелски официјални лица изразија шок и покренаа истрага.

– Полска остро го осудува овој ксенофобичен чин на агресија. Насилство врз дипломатите и другите граѓани не смее да се толерира, изјави полскиот премиер Матеуш Моравиецки.

Поради нападот врз амбасадорот, Министерството за надворешни работи на Полска ја повика денеска на разговор израелската амбасадорка во Варшава Ана Азари.

Од друга страна, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Израел, Емануел Нахшон рече дека нападот се истражува.

– Тоа е највисок приоритет за нас, бидејќи ние сме целосно посветени на безбедноста и сигурноста на дипломатите, рече Нахшон.

Инцидентот се случи во ек на зголемување на тензиите меѓу Полска и Израел за различното толкување на холокаустот и барањата од Полска да плати отштета за поранешниот еврејски имотот конфискуван од страна на нацистичка Германија, а подоцна национализиран од полскиот комунистичкиот режим.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија