Јанева: СЈО е орган што гони, а за разрешница на предметите одговорност треба да се бара во судовите

Од:

СЈО како и редовното јавно обвинителство е орган што гони, а за разрешница на предметите одговорност треба да се бара во судовите, рече Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева одговарајќи на новинарско прашање зошто има малку разрешени предмети на СЈО.

Предметите на СЈО што се во судовите, како што рече, се предадени на 1 јули 2017 година.

-Оттогаш поминаа речиси две години, а имаме и обвинителни предлози од 15 септември 2016 година за кои нема првостепени одлуки. Вината за тие работи треба да ја барате во судовите, посочи Јанева.

На прашање зошто се одолговлекуваат судските постапки за предметите на СЈО, Јанева рече дека причина не е законот, туку се објективни на судот, затоа што некои лица се разболеле или од други икс причини што се наведени во судските постапки.

-Тоа е нормална работа. Но како што реков и претходно мора да се интензивираат судењата и да се проверат тие наводи, дека лицата кои одбегнуваат да дојдат на судења навистина се болни или се спречени да дојдат, нагласи Јанева.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов