Новинарот Зоран Иванов се откажа од државните награди

Од:

Откако вчера доби отказ од ТВ „Алфа“, долгогодишниот уредник и искусен новинар, Зоран Иванов, разочаран од состојбите во македонското новинарство, ги врати сите добиени државни награди и признанија за неговата работа.

Во отвореното писмо до јавноста тој истакна дека не е изненаден од вчерашниот отказот, бидејќи одбил да биде извршител на партиски директиви.

-Не сакам, не можам, не ми дозволуваат моите човечки и професионални скрупули, моето севкупно животно и новинарско искуство, да бидам дел од овој актуелен македонски новинарски отпечаток. По четириесет години новинарска работа, борба, посветеност, ентузијазам, идеализам, не можам да си дозволам да бидам дел од сегашнава македонска новинарска историја – пишува тој.

Со извинување нагласи дека се откажува од трите државни награди „Мито Хаџивасилев Јасмин“, двете „Крсте Петков Мисирков“ за најдобар новинар на годината и наградата за животно дело.

-Вулгарната дневна политика го купи, го присвои, го окупира целиот македонски медиумски и новинарски простор. Го промовираше во картелска пропагандна машинерија, ги обесправи и ги понижи новинарите и ги вјарми во алатки за бесрамни манипулациии. Во плурална Македонија новинарството ја загуби смислата – стои во писмото.

Според него на македонското новинарство му треба револуција и нов почеток, а верува дека во таа насока ќе ги поттикне младите новинарски генерации.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ