Кина одговори на САД: Нови царини од 1 јуни

Од:

Кина воведува царини на американската стока во вредност од 60 милијарди долари, соопшти денеска кинеското Министерство за финансии, откако САД почнаа трговска војна со зголемување на тарифите на 200 милијарди долари за кинески производи.

Кина ќе воведе царини на вкупно 4.140 американски производи, почнувајќи од 1 јуни, од кои за 2.493 производи ќе има такси од 25 отсто. Царините варираат од пет до 25 отсто.

Царините од 25 отсто на американски стоки за 60 милијарди долари е одговор на последните такси кои ги воведе Вашингтон. Пекинг, исто така, ќе додаде уште 5000 производи кои ќе подлежат на царински давачки. Покрај тоа, Пекинг може да престане да купува американски земјоделски производи и енергија од САД, за да ги ограничи американската трговски услуги во Кина и да ги намали нарачките за Боинг, објави „Глобал тајмс“. Кинески експерти размислуваат за можноста за продавање на американските државни хартии од вредност.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска ја предупреди Кина да не го возвраќа ударот на зголемените царини, што ги наметна минатата недела. Во петокот САД ги зголемија до 25 отсто царините на кинески стоки за 200 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД