Министерството за правда чека сигнали од ВМРО-ДПМНЕ за промена на ставот за амнестија

Од:

Од Министерството за правда за МИА потврдија дека чекаат сигнали од ВМРО-ДПМНЕ за промена на ставот и повлекување на нивното барање за амнестија преку законски одредби.

И на последната средба меѓу преговарачките тимови на власта и опозициската ВМРО-ДПМНЕ за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, немаше никакво поместување во делот на разговорите.

За Министерството за правда не е прифатливо внесување на одредба во законот што ќе значи скриена амнестија.

Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите, односно двете страни најмногу спорат за членот 105 од законот што го регулира продолжувањето на постапките и судбината на доказите од прислушкуваните разговори.

Договорот за овој закон е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било