Стефанова: Одложувањата на судењата за „Титаник“ создаваат проблеми

Од:

Обвинителката Лиле Стефанова од Специјалното јавно обвинителство по денешното, кој знае кое по број, одложување на судско рочиште за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности за А1он изјави дека преголемиот број одложувања создаваат проблеми во водењето на предметот, но сепак очекува до крајот на јуни да биде завршена оваа фаза од судењето во која се изнесуваат материјални докази.

-Динамиката на закажаните рочишта е добро поставена од страна на судот, меѓутоа има премногу одложувања и тоа прави огромни проблеми. Очекувам дека до крајот на јуни ќе завршиме со материјалните докази и ќе почнеме со вербалните, вели Стефанова.

Причина за одложување на денешното рочиште е обвинетиот градоначалник на Пустец, Едмон Темелко врз кој е извршен оперативен зафат, за што до судот била доставена и документација. Здравствените проблеми на Темелко не се единствените причини кои од почетокот па се до сега ги одложуваат рочиштата за предметот „Титаник“. Како една од почестите причини кои се појавуваа е поклопувањето на судењето со рочиштата за 27 април каде како обвинет и во двата случаи на кои мора да присуствува беше разузнавачот Мунир Пепиќ.

Причина за одложување на неколку од рочиштата беа и патувањата на обвинетиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој во неколку наврати до судот доставуваше белешки за службено патување со собраниската делегација поради кои мора да отсуства од рочиштата. Последен пат одложување на „Титаник“ поради оваа причина се случи на 13 февруари годинава, кога обвинителката Стефанова реагираше на ваквото барање на Димовски велејќи дека не треба повеќе да ги прифаќа службените патувања од причина што судењето е на прво место.

Изведувањето на материјалните докази во случајот „Титаник“ започна во декември минатата година откако обвинителката Стефанова заврши со презентирање на нелегално прислушуваните материјали каде како главни актери во разговорите можеа да се слушнат ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Во предметот „Титаник” обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески