Од денеска граѓаните на Скопје ќе можат да ги платат заостанатите сметки за вода и смет без камата.
Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.
„Корисниците кои имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен) имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во предвиден рок, сметано од 13 мај до 28 јуни 2019 година“, информираат ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална хигиена – Скопје.