(ВИДЕО) Стоилковски: Во државата во повеќе наврати се спроведува изборен инженеринг од актуелната власт

Од:

Правосудниот систем е пред испит дали ќе се казни изборниот нженеринг или Македонија ќе продолжи да тоне по сите параметри што значат демократијата? Пред Управниот Суд во Скопје е тужбата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. Тужба која се однесува на одбиениот приговор од Државната изборна комисија за гласачко место во Ново Село, рече Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ во тужбата бара да се поништи гласањето на Избирачкото место број  1789 во постапката за избор на градоначалник на општина Ново Село и гласањето да се повтори во законски определениот рок утврден со Изборниот законик. Одбиениот приговор на ВМРО-ДПМНЕ се однесува на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите на избирачкото место.

“Всушност, на ова избирачко место се случиле прекршувања на Изборниот законик, но и текот на движењето на изборниот материјал отвора многу голем сомнеж пред јавноста.

Со ред:

Избирачкиот одбор не бил во можност веднаш по завршување на гласањето да го состави Записникот со правилен внес на податоците за искористени гласачки ливчиња и за лица потпишани во збирачкиот список за тоа ИМ. Односно, по повеќекратно, дури пет пати, по 5 пребројувања, констатирано е дека во избирачкиот список се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња. Значи, по неколку пребројувања има едно ливче повеќе во кутијата.

Навистина е нејасно како е можно еден избирачки одбор во состав од 5 члена, кои што биле присутни на избирачкото место, каде имало и овластени претставници од кандидатите за градоначалници, да не може по повеќекратно броење да ја утврди реалната фактичка состојба во однос на употребените гласачки ливчиња и лицата кои се потпишале во избирачкиот список и го оставриле правото на глас?

Заради тоа Избирачкиот одбор заедно со севкупниот доверлив и недоверлив изборен материјал се упатил во Општинската изборна комисија во Ново Село. Со тоа членовите на комисијата од ИМ, не го почитуваат законикот, каде стои дека одборот го составува записникот и заедно со изборниот материјал во строго утврден начин го доставува до Општинската изборна комисија. Во општинската комисија повторно се броеле гласачките ливчиња во кутијата и лицата кои се потпишале во избирачкиот список. Тоа е прекршување на член 40 од Изборниот законик, каде јасно е наведено дека избирачкиот одбор го утврдува и сумира резултатот од гласањето на гласачкото место и резултатите од гласањето ги објавува на самото место каде што се спроведува гласањето.

Државната изборна комисија констатира дека ниту пребројувањето ниту пополнувањето на записникот не е извршено од Избирачкиот одбор во избирачко место број 1789 во Ново Село, туку дека пребројувањето на изборниот материјал и пополнување на записникот е извршено во Општинската изборна комисија.

Факт е дека спротивно на законот, составен е Записник за сумирање на резултатите од гласањето во просториите на Општинската изборна комисија односно во присуство на членовите на Општинската изборна комисија, но на истиот се потпишани членовите на Избирачкиот одбор со што е направена повреда на член 117 став (4) од Изборниот законик. Сето ова е спротивно на одредбите од Изборниот законик и на Упатството на општинските изборни комисии за ракување со изборниот материјал. Токму тоа го утврдува и Државната изборна комисија и го разрешува и избирачкиот одбор за ИМ 1789 во Општина Ново Село, како и целата Општинска изборна комисија за Ново Село.

Сепак ДИК не постапува согласно одредбите од Изборниот законик, каде на јасен и недвосмилен начин е предвидено е дека: „Државната изборна комисија по службена должност, или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место ако избирачкиот одбор не го спроведува гласањето на начин утврден со овој законик“.

Јасно е дека е прекршен и изборниот законик и е постапувано спротивно од Упатството за ракување со доверливиот материјал.”, наведе Стоилковски.

Јасно е дека и ДИК увидела повеќекратно прекршување,смета Стоилковски, заради што се и разрешени и членовите на Избирачката комисија за Избирачкото место и членовите на Општинската Комисија. Исто така Факт е дека резултатот од гласањето на ова Избирачко место влијае на конечниот резултат за избор на градоначалник на општина Ново  Село.

Но најголем факт е дека во државата во повеќе наврати се спроведува изборен инженеринг од актуелната власт, а третиот столб на демократијата, правосудството молчи! Јасен и гласен е ставот на граѓаните кои во огромен број дадоа поддршка на концептот за право и правда. Време е правосудниот систем да го слушне тој глас. Судиите од Управниот Суд  се оние кои ќе ја вратат, ја имаат можноста да ја вратат вербата дека е можно остварување на право и правда во Република Македонија, заврши Стоилковски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Колева: ДПМНЕ лаже, да беа чесни нема да создаваа паника и хистерија кај граѓаните

A1on

Шутаров: ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БТР немаше денеска да зборуваме за катализма на ЈСП и јавниот превоз

А1он

Мицкоски: За скандалот со Онкологија треба да има и кривична, но и политичка одговорност затоа што не се постапувало најмалку 6 месеци и се дозволило да се губат човечки животи

Искршен автомобилот на Митева од ВМРО-ДПМНЕ

А1он

(ВИДЕО) Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, бизнис од 35 милиони евра, велат од ВМРО –ДПМНЕ

А1он