Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, денеска организира научна трибина што традиционално се одржува по повод одбележувањето на Денот на просветителството 24 – мај, насловена „Педагогијата денес и утре“.
На настанот, што ќе се одржи на Филозофскиот факултет, според организаторите, воведни обраќања ќе имаат заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, деканот на Филозофски факултет Ратко Дуев, Дамир Матановиќ, декан на Факултетот за воспитни и образовни науки на Универзитет „Јосип Јурај Штросмаер“ – Осијек, Хрватска, Јасмина Делчева Диздаревиќ, раководител на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет – Скопје.
На трибината повеќе професори ќе имаат пленарни излагања на теми: „Образованието денес и утре“, „Скриен курикулум во современото училиште“, „Воспитно-образовната практика – состојби и насоки“.