Антикорупциската комисија отвори предмети против ексградоначалникот на Струга Рамиз Мерко и претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски за набавката на луксузни возила.
Членовите се повикаа на написи во медиумите каде Мерко вели дека не му личи да вози „шкода“ и дека требало да купи уште поубава кола од „ауди-то“ кое чини 67 илјади евра. На седницата на ДКСК беше потенцирано дека набавката на возилата се прави во време кога Владата донела одлука финасиски да им се помогне на општините кои имаат долгови меѓу кои е и Струга со долг од 4 милиони евра.
За двата случаја, и за Мерко и за набавката на „бе-ем-ве“ од 40 илјади евра за Врховниот суд од страна на Вангеловски, членот на ДКСК Нури Бајрами потенцира дека лице што врши јавна функција од јавен интерес не смее да ја искористи за лични интереси, па едногласно комисијата утврди да ја испита фактичката состојба.
Галена Николовска-Ризвановиќ