Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, a во јужните делови претежно облачно. Ќе има повремени врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во попладневните часови, а пообилни се очекува да бидат врнежите во југоисточниот дел на земјава. На повисоките планини ќе врне снег. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од пет до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, особено во вечерните часови врнежите би требало да бидат нешто пообилни. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на влажни продори од Медитеранот. Ќе преовладува променливо облачно и топло време со повремени врнежи од дожд, особено топло ќе биде за време на викендот кога се очекуваат нешто пообилни врнежи од дожд и забрзано топење на снегот по планините.