Протест поради реизборот на Саркасјан

Од:

Околу пет илјади демонстранти се собраа денеска во центарот на Ереван во знак на протест против реизборот на претседателот Серж Саркасјан.

Приврзаниците на второпласираниот претседателски кандидат Рафи Хованисијан го исполнија плоштадот Слобода во центарот на престолнината, тврдејќи дека на изборите имало малверзации, вклучувајќи и многу непребројани гласачки ливчиња.

“Уставот би требало да ги победи малверзациите”, изјави Хованисијан Обраќајќи им се на собраните и прашувајќи ги , “Дали сте подготвени да останете до победата?”.

Многу негови приврзаници му дадоа збор, дека ќе продолжат со протестите се додека Саркасјан не си отиде, сепак, насобраниот народ после три часа мирно се разотиде, пренесува Ројтерс.

Некои демонстранти рекоа дека утре ќе се соберат повторно на истото место.

На претседателските избори одржани во понеделникот Саркасјан победи со 58,6 отсто од гласовите далеку пред Хованисијан (околу 37 проценти), поранешен министер за надворешни работи, роден во САД.

Меѓународните набљудувачи оценија дека изборната постапка била подобра во однос на претходните избори во 2008 година, наведува британската агенција.

Би можело да ве интересира

Ерменија бара повлекување на руската војска од аеродромот во Ереван

Ерменија: Не сакаме во НАТО

Америка предупредува на нова војна на Кавказ: „Ќе нападнат“

Започна нова војна меѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

(ВИДЕО) Тепачка во ерменското Собрание: Народните избраници во жесток клинч, обезбедувањето ги разделуваше нервозните пратеници

Горан Наумовски

Конфликтот во Нагорно Карабах продолжи, има загинати, се користат минофрлачи и дронови

Ана Ололовска