Претседателот на Управен одбор и генерален директор на „Адинг“, Благоја Дончев, е добитник на наградата за животно дело во Средна и Југоисточна Европа, „Креатори на столетието“.
Во избор помеѓу 411 кандидати од 8 земји од регионот, меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“ награди 56 компании, организации и лица од 6 земји, како најзаслужни за развојот на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа. Од македонските претприемачи и компании наградени беа и компаниите „Халк банк“, „Адора инженеринг“ и „Киро Дандаро“.
„Секако дека едно вакво признание за животно дело претставува чест за мене како генерален директор на ‘Адинг’. Уште повеќе што годинава одбележуваме 50 години од нашето постоење, а целиот професионален век речиси 40 години, го поминав во компанијата“ – Благоја Дончев, претседател на управен одбор и генерален директор на „Адинг“ АД Скопје.
„Креатори на столетието“ го доделува Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и Меѓународниот комитет за доделување награди и признанија „Креатори на столетието“ од Хрватска, во рамки на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“. Самитот годинава се одржа од 22 до 24 март 2019 година во Дубровник, а го најавија и Светскиот конгрес на претприемачи „Северна Македонија 2019“, кој годинава ќе се одржува во Скопје во октомври.
(ПР текст)