Пендаровски за ЕРТ: Северна Македонија и Грција заедно ќе изградат европска иднина за двата народа и за двете држави

Од:

Преку Договорот од Преспа, Северна Македонија и Грција, конечно се пријатели и заедно ќе ја изградиме европската иднина за двата народа и за двете држави, вели новоизбраниот претседател Стево Пендаровски, кој заедно со премиерот Зоран Заев, во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ, кусо по завршувањето на вчерашната прес – конференција во штабот на СДСМ говорат за пријателството меѓу двете соседни земји по Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

-Овој резултат е јасна потврда на мнозинството граѓани и нивната волја да го поддржат Договорот од Преспа и второ ова мнозинство покажано на вториот круг на изборите е јасен глас на мнозинството за нашиот европски тек. Ние можеме да бидеме таму само поддржани од нашите грчки пријатели. И конечно преку Договорот од Преспа, Северна Македонија и Грција, конечно се пријатели и заедно ќе ја изградиме европската иднина за двата народа и за двете држави, вели Пендаровски.

Со слична оценка излезе и премиерот Заев.

-Се надевам дека пријателството ќе биде сигнал и добар пример за остатокот од светот. Ајде да градиме големо пријателство меѓу нашите две нации, рече Зоран Заев за ЕРТ.

Би можело да ве интересира

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски