Деркоски честиташе победа на Пендаровски

Од:

Од обработени 98.84 отсто од избирачките места, гласале вкупно 816.649 избирачи од кои за кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, својот глас го дале 423.292, а за кандидатката Гордана Сиљановска-Давкова 363.980 гласачи.

Одѕивот е 46.44 проценти, што значи дека е достигнат потребниот цензус.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, ја честиташе победата на Пендаровски и порача дека во текот на ноќта се очекува да се обработат 100 посто од податоците.Тој им честита и на граѓаните за истрајноста и упорноста, а на кандидатите за коректно однесување во текот на кампањата.

Тој не сакаше да соопшти резултати за изборите за градоначалник во Охрид и во Ново Село каде се одржаа и локални избори, бидејќи имало мал процент на обработени податоци.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

ДИК: Потврдени се 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје

А1он

Костадиновски: Одлуката на ДИК да оди со два потписи, која не претставува ограничување, претставува и имплементација на одлуката на Уставниот суд

Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст