ДИК: Пендаровски води со 60 илјади гласови

Од:

Според 90 проценти од обработените податоци на Државната изборна комисија, кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски води со 60 илјади гласови разлика.

За Пендаровски гласале 380.946, додека за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова 320.393. Вкупно гласале 727.248 од кои неважечки се 25.909 ливчиња.

Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.

На половина час пред затворањето на гласачките места во вториот круг на претседателските избори на гласање излегле 795.577 граѓани според обработени 97,61 процент од 3.428 избирачки места.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“