ДУИ: Спроведовме европски избори, најголеми победници се граѓаните и државата

Од:

Демократската унија за интеграција го поздравува одвивањето на изборниот процес, како во првиот така и во вториот круг и оценува дека изборниот процес е успешно завршен и е во согласност со европските стандарди.

„На 21 април и денес на 5 мај, Северна Македонија покажа демократска зрелост за организирање и спроведување на европски избори, а најголеми победници се граѓаните и државата.Ние во Демократската унија за интеграција сме исклучително задоволни од одлучувачкиот придонес на ДУИ во двата изборни круга, што го овозможија цензусот и предноста на нашиот концепт.Ќе ги чекаме официјалните резултати подоцна во текот на ноќта, но секако дека успешниот процес е извонреден резултат, изјави Изет Меџити од ДУИ.

„Нашите првични и неофицијални проценки се дека околу 90.000 наши албански гласови го поддржаа концептот на консензус, но секако ќе направиме детална анализа на секое избирачко место во наредните денови.Сакам да изразам длабока загриженост во врска со информациите на теренот за тивок но активен и организиран бојкот од страна на експоненти на албанската опозиција, кој значително се приметува во општините со кои управуваат како Желино, Боговиње, Врапчиште и Гостивар. Но, и покрај овие деструктивни напори, прогресивните сили на граѓаните не дозволија кризни и злонамерни сценарија за државата и за Албанците.За среќа, движењето на земјата кон НАТО и ЕУ нема сила која може да ја спречи, а ние во ДУИ сме старатели и гарантот на ова патување”, додаде Меџити.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ