Во штипскиот регион одѕивот до 18:30 часот е 56,03 отсто

Од:

Избирачките места се затворени, а оценката на членовите на Општинската изборна комисија – Штип е дека граѓаните имаа мирен изборен ден. Во штипскиот регион до 18:30 часот во вториот круг на претседателските избори се бележи излезеност од 56,03 отсто.

Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип Сенка Андреева вели дека во споредба со првиот круг излезеноста е зголемена за 7,13 отсто.

Според Андреева на 77 избирачки места своето право на глас во поголем број го искористиле мажите или гласале вкупно 11.734, додека жени гласале 11.644. Вкупниот број на гласачи кои го искористиле своето право на глас во штипскиот регион изнесува 23.378 избирачи.

По 19:00 часот се очекува да пристигнат и првите гласачки кутии, од селата, каде што бројот на гласачите е над 10. Во Штип вчера гласаа 93 болни и изнемоштени лица и 169 осуденици во Затвор Штип од 42 општини.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар