(ВИДЕО) Костадинов: Денешниот ден е пример за демократски избори, ВМРО-ДПМНЕ да не бара оправдувања за поразот

Од:

„Изборниот процес низ целата држава се одвива непречно, во мирна и достоинствена атмосфера, имаме фер и демократски изборен ден. За тоа гарант се и граѓаните и институциите.

Како во првиот така и во вториот круг граѓаните гласаат слободно и по сопствено убедување, без какви било притисоци.

Институциите ги спроведуваат изборите по сите професионални стандарди.

Досегашниот тек на изборниот ден е пример за слободни, фер и демократски избори како што доликува на европска, деморкатска држава каква што е Северна Македонија. Очекуваме така да продолжи и до затворањето на избирачките места.

Исплашени од извесниот пораз на претседателските и на локалните избори во Охрид и Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ бара оправдување.

ВМРО-ДПМНЕ да не се обидува, преку лажни вести да бара алиби за поразот на нивната кандидатка и нивната деструктивна матрица на денешните избори.

Апелираме граѓаните да не наседнуваат на манипулациите и лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и слободно да го искористат своето гласачко право.

Институциите се во функција на слободната волја на граѓаните и како што соопшти Министерството за внатрешни работи и Државната изборна комисја, досега нема забележано изборни нерегуларности и неправилности.

Очекуваме сите политички субјекти да покажат одговорност пред граѓаните и изборниот процес.

Изборната волја на мнозинството и исходот од изборите мора да се почитуваат од сите без исклучок“, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“