Цензусот е исполнет, 44,5 отсто од гласачите излегле на изборите

Од:

„Денот помина мирно и достоинствено, без поголеми нерегуларности. Досега не се пријавени неправилности од избирачките места”, рече првиот човек на ДИК, Оливер Деркоски, неколку минути пред затворањето на избирачките места.

До 18:30 одѕивот е 44,5 отсто од обработени 97 проценти од избирачките места. Вкупно гласале 795 577 илјади гласачи до половина час пред затворање на гласачките кутии. Поголем одѕив е забележан во Битола 53 проценти, Вевчани 65 отсто, Гевгелија – 66.13 отсто, Демир Хисар – 67 отсто, Дојран – 65 отсто, Кавадарци – 61 отсто, Карпош – 55 отсто, Крива Паланка 70 отсто.

Мала излезност има во Шуто Оризари – 26 проценти, Теарце – 23, Студеничани – 29, Желино 15 отсто и Арачиново 30 отсто од гласачите излегле на вториот круг на претседателските избори во земјава.

Неколку минути пред затворањето на гласачките кутии, според податоците на ДИК, излегле да гласаат 802 801 избирачи. Станува збор за обработени 99.06 отсто од гласачките места.

Што се однесува до локалните избори на кои се бираат градоначалници, во Ново Село одѕивот е 50,01 отсто, а во Охрид – 54,04 отсто.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение