До 15 часот помал одѕив во Гостивар, Дебар, Струга и Тетово во споредба со првиот круг

Од:

Според последните податоци на ДИК во Дебар, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга и Тетово до 15 часот е забележан помал одѕив во вториот круг во споредба со првиот круг од претседателските избори.

Во Дебар во првиот круг до 15 часот одѕивот бил 28,63 отсто, а во вториот круг е намален на 16,52 отсто. Според објавените податоци ова е најголемо намалување на одѕивот во споредба со првиот круг до 15 часот.

Во Гостивар одѕивот во првиот круг до 15 часот бил 17,23 отсто, а во вториот 15, 88 отсто.

Во Кичево од 22,11 отсто во првиот круг, одзивот е намален на 21,57 отсто.

Намалување на одѕивот има и во Струга каде што во првиот круг на гласање излегле 19,31 отсто од гласачите, а во вториот круг нивната бројка е 17,72 отсто.

Во Тетово во првиот круг до 15 часот гласале 19,75 отсто од гласачите, а во вториот 17,68 отсто.

Мало намалување има и во Врапчиште, во првиот круг одѕивот бил 12,61, а во вториот круг 12,41 отсто.

Најголемо зголемување на одѕивот има во Крива Паланка која што има и најголем одѕив до 15 часот. Во првиот круг гласале 47,22, а во вториот 52,61 отсто од гласачите.

Најмал одѕив има во Желино – 9,03 отсто во вториот круг, а во првиот круг одѕивот бил 10,06 до 15 часот.

Според последните пресметки на ДИК од обработените 99,67 отсто избирачки места, одѕивот на гласачи во вториот круг од претседателските избори се намали од 30,34 на 30,13 отсто или 543.045 гласачи.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“