А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ДИК: До 15 часот одѕивот е 30,34 отсто

by А1он05/05/2019 - 15:5705/05/2019 - 15:58238
Share0

До 15 часот на вториот круг од претседателските избори гласале 527.068 избирачи или 30,34 отсто од вкупниот број гласачи, според обработени 95,67 избирачки места. Тоа значи дека близу 20.000 гласачи повеќе излегле во вториот круг во споредба со првиот круг кога одзивот до 15 часот беше 28,20 отсто или 507.129 избирачи од обработени 99,47 отсто избирачки места.

Следете a1on на Instagram Instagram

Најголем одѕив по општини до 15 часот има во Македонски Брод 49,45 отсто, Крива Паланка 52,61 отсто, Демир Капија 49,17 отсто, Демир Хисар 48,09 и Крушево – 47,68 отсто.

Најнизок одѕив има во Желино – 9, 03 отсто, Боговиње 10,49 и Центар Жупа 11,96 отсто.

Паралелено со претседателските избори, во Ново Село и Охрид се гласа и за градоначалник. Во Ново Село до 15 часот гласале 3.839 или 33,78 отсто од гласачите, а во Охрид гласале 18.347 гласачи или 35,1 отсто.

Следете a1on на Youtube YouTube

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, соопшти дека гласањето од отворањето на избирачките места во 7 часот тече мирно, непрекинато и без неправилности. Досега до ДИК е пристигнат еден приговор од гласач во Неготино за заштита на лично избирачко право односно пријавил дека не бил запишан во избирачкиот список. ДИК ќе го разгледа приговорот.

Маја Илиевска-Пачемска

izbori

Би можело да ве интересира

Шест месеци до изборите во САД: „Претседателот е доста непопуларен“

Горан Наумовски03/05/2026 - 21:0903/05/2026 - 22:00

Косово на прагот на нови предвремени избори

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:23

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:12

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Горан Наумовски01/04/2026 - 11:55

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски30/03/2026 - 07:1930/03/2026 - 09:21

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто