ССНМ: Новинарите што ги следат изборите да не бидат попречувани во нивната работа

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) во текот на изборниот ден на бесплатниот телефон за помош при напад на новинари (0800 11 011) доби пријава од новинарка која била попречувана во нејзината работа при следењето на изборниот процес.

„Новинарка на Порталб.мк во два наврати пријави дека помеѓу 11:30 и 12:30 часот била попречувана при вршењето на својата работа на две избирачки места во општина Чаир – во основните училишта „Имре Елези“ и „Петар Здравковски – Пенко“, каде не и било дозволувано да фотографира, и не биле прифатени нејзините барања да добие изјави од претставник на избирачки одбор и покрај нејзините укажувања на насоките од Државната изборна комисија за непречено и задолжително давање на информации на новинарите. На избирачкото место 2961/1 таа се соочила и со низа навреди од лице кое не се претставило и чија улога на избирачкото место не била јасно видлива, а дури била повикана и полиција со оправдание дека новинарката го попречува изборниот процес. Откако новинарката пријавила во ДИК, ситуацијата се смирила, а изјава за текот на избирачкиот процес добила на едно избирачко место по низа инсистирања и укажувања“, соопштуваат од ССНМ.

ССНМ апелира избирачките одбори, набљудувачите и сите инволвирани во избирачкиот процес да се однесуваат љубезно и достоинствено и да ги почитуваат процедурите, Изборниот Законик, насоките и правилниците на Државната изборна комисија и да не ги попречуваат новинарите во нивната работа која е од огромно значење за целокупниот демократски амбиент и за одржување слободни и демократски избори.

ССНМ потсетува дека новинарите можат во секој момент да пријават какви било попречувања на нивната работа, закани, навреди, физички или вербални напади на бесплатниот телефонски број 0800 11 011.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“