Одѕивот до 10 часот 6,31 отсто, зголемен за 0,26 отсто во однос на првиот круг

Од:

Одѕивот до 10 часот во вториот круг од претседателските избори е 6,31 отсто, соопшти Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг од претседателските избори, одѕивот во вториот круг бележи благ пораст од 0,26 отсто. Во првиот круг на гласање, одѕивот до 10 часот изнесуваше 6,05 отсто или 80,568 гласачи.

Од обработени 88,8 проценти од избирачките места, на гласање излегле 99.192 граѓани. Највисок одѕив има во Крива Паланка 14,91 проценти, Демир Капија 13,24 отсто, Кратово 12,46 отсто и Берово 11,06 отсто. Најнизок одѕив во вториот круг има во Врапчиште 1,16 отато, Дебар 1,29 проценти и Боговиње 1,31 отсто.

За изборите за градоначалници во Охрид и Ново Село, од обработени 99,8 проценти, на гласање излегле 4062 граѓани, односно 6,38 проценти.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевкса нагласи дека и во вториот круг граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат да се јават на телефонскиот број 076 488 360, на кој преку видеоповик ќе можат да постават прашање во врска со гласањето и да добијат одговор на знаковен јазик.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“