Изборите ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи

Од:

Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 195, потоа Светски македонски конгрес Скопје, Амбасадата на САД , Делегацијата на ЕУ , Делегација на ПС на СЕ …

Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, во Македонија…

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар