Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека приоритет на „топџиите“ до крајот на сезоната и да завршат во топ 4 во Премиер лигата, а не да триумфираат во Лигата на Европа.
Вчера, лондонскиот тим ја победи Валенсија со 3:1 во првиот полуфинален меч помеѓу двата тима и изгледа се близу до финалето на турнирот. Сепак, Емери вели дека главниот фокус на тимот останува ПЛ.
– Мојата порака до тимот и навивачите не е променет – главен приоритет останува Премиер лигата. Ако победиме во натпреварот со Брајтон, тогаш ќе играме со Барнли во последното коло со знаење дека имаме шанси за топ 4. Лига Европа е наш втор приоритет. Мораме да одиграме реванш во Валенсија, што ќе биде тежок. За нас, Премиер лигата е турнир во кој сакаме да постигнеме нешто значајно оваа сезона, рече шпанскиот стратег.
Според него во Премиер лигата секој натпревар е тежок, бидејќи тимовите имаат многу добри играчи и мотивација да се борат во секој натпревар.
– Тимови како нас, Тотенхем и Челзи играат многу натпревари во Европа и треба да се борат на секои три дена. Не е лесно да се биде на највисоко ниво во секој натпревар, додаде Емери.