АВМУ: Само професионални и независни медиуми придонесуваат за општествен и демократски развој

Од:

Само професионални и независни медиуми придонесуваат за општествен и демократски развој, порачува Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по повод одбележувањето на Светскиот ден на слобода на медиумите, под мотото „Медиуми за демократија: новинарството и изборите во време на дезинформации“.

– Во денешните општества сведоци сме на се повеќе дезинформации и во изборни циклуси и надвор од нив кои се огромна закана и за медиумите и за демократијата. Брзите, точни и навремени информации и натаму главни предизвици за медиумите при информирање на јавноста и извршување на нивната улога – коректор на власта, се вели во денешното соопштение од АВМУ.

Од Агенцијата сметаат дека денешниот ден е можност да се реафирмираат основните принципи на медиумската слобода, да се процени степенот на оваа слобода, да се одбранат медиумите од нападите по нивната независност и да им се оддаде почит на новинарите кои ги загубија своите животи извршувајќи ги своите професионални обврски.

Според последниот извештај на Репортери без граници, состојбата со слободата на медиумите во Република Северна Македонија е подобрена, но пред нас има уште многу предизвици. Агенцијата, велат оттаму, како и досега, ќе продолжи да делува проактивно на полето на унапредување на професионалните стандарди и на зголемување на свеста кај медиумите за улогата и одговорноста што ја имаат во општеството и пред граѓаните.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми