Грчева: Глас за Македонија нема да гласа на претседателските избори

Од:

Партијата Глас за Македонија смета дека единствено немањето на цензус ќе ја делегитимира оваа власт и ќе создаде терен за предвремени парламентарни избори.

„Партијата Глас за Македонија не гледа ниту една причина да поддржи кандидат на партиите кои се во претседателската трка за сега веќе, административната област Северна Македонија. Тие партии се токму оние кои, потонати во корупција, ни го продадоа името на државата, идентитетот на Македонецот и не обесчестија на јавна сцена. Не гледаме наша улога во овој кошмарен филм кој се повторува со децении и кој кулминираше со непочитување на волјата на народот по неуспешниот референдум за името. Мнозинството кое го кажа своето “не“ на 30-ти септември, нема свој претставник во партиите чија игра е јасно видлива. Конечно, бројката од 81 пратеник кои гласаа за промената, не е случајна. Таа е производ на договор помеѓу неморални, уценети и дрски уценувачи за кои “правната“ држава е само инструмент во рацете на политиката и личните интереси.

Танцот на “волците“ кои само рециклираат исти политики и начини на владеење, мора да биде казнет од сите граѓани. Краен момент е Македонија да почне да ја гради својата иднина на здрави темели, а не врз гнилите остатоци од партиите кои ја разградија државата по секоја основа.

Затоа Глас за Македонија ги повикува своите членови и симпатизери да не излегуваат на претстојните претседателски избори. Имињата на кандидатите не ни се важни. Се работи за принципи. Мора да се разбере дека народот е единствениот суверен во државата и неговата волја мора да се почитува. Луѓето не смеат повеќе да бидат само гласачи, чија доверба по правило се изигрува. Тоа овие партии не го разбраа и сметката ќе им биде испорачана“, се вели во соопштението на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме